Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2022.04.12 Santuario Mariano Berdychiv (Ucraina)

Кардинал Паролин, Папски пратеник во Украина во тажното време на војната

Папата Фрањо го именува државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин за свој претставник на завршната прослава на ходочестието на украинските католици од латинскиот обред, што ќе се одржи во недела, на 21 јули, во богородичното светилиште во Бердичив.

Државниот секретар кардинал Пјетро Паролин ќе го претставува папата Фрањо на местото и моментот кој е многу драг за Црквата во Украина, во богородичното светилиште во Бердичив, особено во ова тажно и несреќно време на воено насилство, како што истакнува Папата во писмото објавено на 13 јули. Поводот е завршување на ходочестието на католиците во таа земја, кое својот врв ќе го има во недела на 21 јули.

На почетокот на писмото потсетува дека светилиштето, управувано од босите Кармелитјани, доби статус на национално светилиште во 2011 година, но традицијата на ходочестие е стара со векови. Потекнува од првата половина на XVII век кога, во 1630 година, киевскиот војвода Јануш Тишкевич го основал манастирот во знак на благодарност за ослободувањето од Татарите и ја подарил иконата на Пресвета Богородица Снежна насликана во XVI век. Почитувањето на Пресвета Богородица набргу се прошири и во другите делови на земјата, подготвени да клекнат пред чудесниот лик на Богородица.

Молитва за крај на војните

Денес, повеќе од кога било, Украина сака да измоли од Пресвета Богородица посебна благодат. Ќе ги охрабриш сите учесници на тој настан – му напиша папата Фрањо на кардиналот Паролин – постојано да ѝ се молат на Царицата на мирот да прекине војната во Украина и во сите делови на светот, давајќи се себеси како пример за благослов меѓу жените, кои треба да ја следат, зашто Таа му е мила на Бога, која ги понижува гордите, а ги возвишува безначајните. Писмото завршува со повикот на Папата до кардиналот да го пренесе својот благослов, како и наклонетоста и близината, во овој исклучително тежок период за саканиот украински народ.

Државниот секретар, како пратеник на Папата, ќе биде придружуван од двајца свештеници: дон Руслан Михалков, ректор на семинаријата на Киевско-житомирската епархија и дон Андриј Лехович, секретар на надбискупот и митрополит лавовски.

17 јули 2024, 11:47
Prev
June 2025
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     
Next
July 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031